Рочиштето за „Титаник 3“ е одложено поради неприсуство на сведокот со иницијали Р.Б, кој според сознанијата е во Германија. Судот го обврза СЈО да вложи напори и да го пронајде сведокот, кој се смета за клучен во целата постапка. За време на рочиштето имаше вербален судир меѓу адвокатот на обвинетите и обвинителката Фатиме Фетаи. Таа рече дека нејзиниот колега Гаврил Бубевски добил закани, тврдење кое адвокатот на обвинетите го демантираше. Инаку, во овој случај, обвинетите Исмет Гури и Ејуп Алими, како членови на Општинска изборна комисија во Чаир, се товарат за уништување на изборен материјал на локалните избори во 2013 година. Наредното рочиште за случајот „Титаник 3“ е закажано за 22 февруари.
„Сведокот, за време на истрагата беше со адреса во Македонија, а по истрагата се омажила и живее во Германија. Има адреса, која ние ја доставивме до Суд, според венчаницата, каде е регистрирана адресата. Така што, сведокот треба да биде повикан“, вели Мефаил Аслани – адвокат.
„Сега за сега нема да сведочи“, додава Аслани.