Македонија

Тито заминува од лидерската позиција: Треба да се знае кога е доста!

Тито заминува од лидерската позиција: Треба да се знае кога е доста!

Претседателот на НСДП, Тито Петковски во изјава за Фокус потврди дека се повлекува од лидерската позиција во партијата, односно дека нема да се кандидира на новиот Конгрес на партијата.

Тој откри дека две лица имаат амбиции да го наследат на чело на партијата.

„Треба да се знае кога е доста. Доаѓаат млади луѓе. Многу од нив со кои ја формиравме партијата сега се значајни луѓе во политиката, бизнисот, и ќе може да дадат значаен придонес во нејзиниот развој. Доаѓа ново време и нови предизвици“ – вели Петковски.

Тој посочува дека отворена е постапката за кандидирање за партиски лидер, додека, како што објаснува, кандидатите мора да исполнуваат одредени услови и критериуми.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни