Тиват забрани одење во костими за капење во пешачка зона, казни до 1.000 евра

Локалните власти на Тиват одлучија да забранат движење на туристи во костими за капење во пешачките зони, градските паркови, плоштадите и во центарот на градот.

Забраната не се однесува на местата за капење, а предвидени се казни од 20 до 1.000 евра за оние кои нема да ги почитуваат овие мерки.

Се вчитува...

Локалниот парламент ги прифати и измените на Одлуката за регулирање на сообраќајот на подрачјето на општина Тиват, со кои се проширија пешачките зони во градот, со кои се воведе изречна забрана за движење на електрични скутери и други слични возила. Велосипедистите се обврзани да се движат исклучиво по велосипедски патеки.

На возачите на електрични скутери и слични возила, кои возат во забранети пешачки зони, им се закануваат казни од 20 до 500 евра, објави „Вијести“ од Подгорица.