„Уште сум на моето работно место во Телевизија 24, ќе заминат кога ќе завршат процедурите“, вели новинарката Менче Атанасова Точи која е избрана за одговорна за медиуми во Фондот за здравство.
„Втора и многу важна работа која ме натера да се откажам од мојата најголема љубов – новинарството, е токму лошата состојба и непрофесионализам кој се повеќе го има, а уште повеќе-добар дел од граѓание со нивниот говор на омраза и навреди. Иако непосредно пак, ќе бидам поврзана со медиумите“, пишува Точи.
Со одлука на директорите на СДСМ и на ДУИ, таа е именувана за раководител на одделот за комуникации на Фондот за за здравствено осигурување.
Одлуката е донесена на 21 јануари годинава, врз основа на оглас објавен во декември лани.