Македонија

Топ 100 најуспешни компании – Бектеши не дојде, Џафери по 20 минути замина од настанот

„Топ 100“ е еден од поголемите настани од областа на економија во земјата, на кој се прогласуваат најуспешните компании во земјата. Присутни беа бројни бизнисмени, претседатели на стопански комори, но не и министерот за економија, Крешник Бектеши. Контактиран од ТВ21, тој потврди дека добил покана, но дека не можел да дојде, бидејќи бил надвор од Скопје. Присутен беше и вицепремиерот Бујар Османи и собранискиот спикер, Талат Џафери, кој остана само 20-тина минути. По говорот на претседателот на Стопанска комора на северозападна Македонија и вицепремиерот Анѓушев, Џафери си замина од настанот. Од неговиот кабинет велат дека Џафери не можел да остане подолго бидејќи имал закажана средба во швајцарската Амбасада. Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, призна дека херој за економскиот развој не е политиката, туку компаниите, како овие 100 кои беа прогласени за најуспешни.

„Остварувањето на годишниот промет од 736 милиони евра, според првиот човек на Стопанската комора на северозападна Македонија, е показател дека 100-те топ компании имаат капацитет да управуваат и да ги спроведуваат современите технологии“, изјави Анѓушев.

-Во категоријата за нето добивка, топ 100 компании оствариле 57 милиони евра што претставува пораст од 8 милиони евра, во споредба со минатата година. Во период не толку стабилен за инвестиции, тие успеале да реализираат инвестиции од 42 милиони евра, што е за 23 милиони евра повеќе, споредбено со минатата година. Што значи, инвестицијата е зголемена двојно-рече Хоџа.

Согласно методологијата на СКСЗМ, со критериуми како што се: годишниот промет, нето добивката, бројот на вработените, повратот на капиталот и инвестициите, 5-те најуспешни компании за 2018 се:

ТОП 5 НАЈУСПЕШНИ КОМПАНИИ СПОРЕД СКСЗМ
1. Вардар Домолит (годишен промет 13,490,562 евра)
2. Алма М (годишен промет 32,932,324 евра)
3. Кипер маркет (годишен промет 47,864,000 евра)
4. Нептун (годишен промет 56,823,724 евра)
5. Даути комерц (годишен промет 44,175,510 евра)

Надвор од традиционалното оценување на „Топ 100“, СКСЗМ, додели и други награди. За компанија со најбрз пораст во трите последни години беше прогласена „Гајрет“, за најуспешна компанија на чело со жена беше избрана „Уника Лајф“, додека наградата за компанија со најбрзо проширување на глобалниот пазар замина во рацете на „Слајс“.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни