Топлотен бран во Македонија – учениците се потат во „пеколни училници“ без клима!

Во Македонија денеска е прогласена жолта и портокалова алертна фаза за топлотен бран, а Владата излезе со мерки за превенција од топлотни бранови, па така најранливите групи, како бремени жени и лица над 60 години се ослободуваат од работните обврски.

Во градинките исто така се препорачува да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено од 11:00 до 17:00 часот.

Но, какви мерки ќе има за учениците кои на +40 се во своите училишни клупи, без клима?

Имено, тие поради пролетниот распуст и слободните денови за време на изборите, до 17 јуни ќе одат во училиште.

На социјалните мрежи родителите бараат скратување на часовите, или да заврши учебната година поради немање на услови за работа.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното