Свет

Торнадо помина низ центарот на грчкиот град Каламата

Торнадо помина низ центарот на грчкиот град Каламата

Торнадо предизвика паника во градот Каламата, јужна Грција, од каде неколку секунди мина низ централниот плоштад Отонос, пренесува „Катимерини“.

Торнадото кое траеше вкупно околу половина час е ретка појава на овие простори.

Иако беше релативно краткотрајно, оштети дрвја и ресторани.

Според информациите, една жена била полесно повредена од паднат чадор. Нема извештаи за други жртви.

Противпожарната служба и службите од општина Каламата веднаш пристигнале на местото на несреќата за отстранување на паднатите дрвја и другиот шут.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни