Тошковски: Ќе одговара секој што правел криминал

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, гостувајќи во емисијата „Трилинг“ на прашање дали е почната борбата со високиот криминал и корупција, што ја еродираат државата, потенцираше дека борбата е веќе силно почната со доаѓање на новото раководство на МВР уште во техничката влада.

„Имаме врховен судија којшто повеќе не е врховен судија и осуден  е на три години казна затвор, членот на Советот на јавни обвинители којшто не е повеќе дел од Советот, а притоа призна вина за делото што го сторил. Мислам дека е јасен знак дека битката со криминалот и корупцијата е почната. Борбата со овој тип на криминал преку ноќ не може да даде резултат. Многу е мал бројот на човечки ресурси на соодветно професионално нови коишто се во рамки на институциите, коишто треба да се борат со тој криминал, немало соодветни обуки, лош менаџмент на техничките средства. Но, јасна е посветеноста на оваа раководство и оваа влада за борбата со корупцијата со високиот криминал, сакаме да се бориме и ќе се бориме.“, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски потенцираше дека секој што правел криминал ќе заврши пред лицето на правдата и нагласи дека има многу докази за криминал кај довчерашни високо позиционирани политичари, на коишто се работи, а јавноста ќе дознае за сите нив кога ќе дојдат во фаза на процесуирање.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното