Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изрази сериозно разочарување од одлуката на Обвинителството за затворање на постапката поврзана со набавката на мазут за ТЕЦ Неготино.
Во интервју за телевизија „Канал 5“, тој нагласи дека ваков потенцијален криминал не смее да помине со „плитко спроведена постапка“ и недостиг на докази.
Тошковски смета дека фактичката состојба не е професионално утврдена и нагласи дека не смее да се дозволи ваков сериозен случај на потенцијален криминал да се затвори со површна истрага.
Според него, случајот сè уште не е завршен бидејќи МВР располага со утврдени факти кои дополнително ќе бидат презентирани пред јавноста во насока на обезбедување правда.