Балкан

Трагедија: Почина играч на Партизан и српски репрезентативец

Трагедија: Почина играч на Партизан и српски репрезентативец

Почина Михајло Стојиљковиќ, 22-годишниот рагбист кој настапуваше за Партизан, потврдија од клубот од Хумска.

„Со големо жалење ве известуваме дека нашиот играч и репрезентативец Михајло Стојиљковиќ денеска не напушти. Миха во 1953 година одигра 40 натпревари за Партизан и беше еден од главните адути на нашиот клуб, кој преку помладите категории стигна до сениорскиот тим и стана стандарден првотимец.

Сите играчи и раководството на клубот изразуваат сочувство до семејството и пријателите. Почивај во мир добар наш брат“, навеле црно-белите во прошталната порака.

За репрезентацијата одигра еден натпревар.

Причината за смртта не беше објавена.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни