Популарната малезиска пејачка Сити Сара Рајсудин починала од последици на ковид-19 само неколку дена откако на свет донела машко дете, нејзиното четврто по ред.
Сити беше ставена во индуцирана кома во осмиот месец од бременоста поради ниските нивоа на кислород, за да може да се роди нејзиното бебе.
Бебето било спасено, но немало прилика да ја запознае својата мајка.
Нејзиниот сопруг во изјава за медиумите истакнал дека последен пат разговарал со неа преку видео повик, а таа била расплакана.
„Разбираше се што пробувавме да и кажеме“, посочил тој и додал дека не знае како оваа вест ќе ја соопшти на децата.
Тамошните медиуми порано пишуваа дека целото семејство било позитивно на ковид-19, а биле заразени од страна на личност која им помагала во домашните работи.
