На 12.08.2026 околу 12:25 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во круг на фирма на подрачјето на општина Аеродром има починато лице.
Според пријавеното, при изведување работни задачи В.Н.(65) од Скопје бил прегазен од виљушкар, кој претходно сам се придвижил.
Известен е јавен обвинител и трудов инспектор, а увид извршила екипа од СВР Скопје.