Breaking Најмалку 39 загинати во судирот на возови во Шпанија, два вагона паднале во насип
Балкан

Трагедија во Бања Лука: Шестгодишно дете загина во голем пожар

Трагедија во Бања Лука: Шестгодишно дете загина во голем пожар

Шестгодишно дете го загуби животот во страшен пожар што денеска избувна во бањалучката населба Лауш, пренесуваат локалните медиуми.

Според првичните информации, пожарот се случил во Караѓорѓевата улица, во близина на маркетот „Шики“.

Пожарникарите пристигнале по дојава за заробени лица

Командантот на Пожарникарско-спасувачката бригада на Бања Лука, Мирослав Малиниќ, изјави за „Независне новине“ дека екипите реагирале веднаш по добивањето на повикот за помош.

„Во дојавата беше наведено дека избувнал пожар во куќа во која има заробени луѓе и тоа е сè што можам да кажам во моментов. Пожарникарите ја завршуваат интервенцијата и се враќаат во базата“, изјави Малиниќ.

Веднаш по пријавата, на местото на настанот излегле припадници на Пожарната бригада на Бања Лука, екипи на Брзата помош и силни полициски сили.

Надлежните органи во моментов вршат увид на терен за да се утврдат причините кои доведоа до оваа тешка трагедија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни