Кичево е потресено од трагична вест. Две ученички од Школата за музичка и културна дејност „Дрита“ – Ериона Рамадани и Албина Абази – загинаа во сообраќајна несреќа со мотоцикл, оставајќи длабока празнина во семејствата, меѓу пријателите и во училишните клупи.
Училишната управа и персоналот ја изразија својата длабока тага и сочувство. „Со длабока тага и потресени срца ја примивме веста за загубата на нашите сакани ученички. Нивниот замин остави незаменлива празнина во нашите срца и во секој агол на училиштето“, наведуваат од ШМК „Дрита“.
Директорот, наставниците и учениците упатија искрено сочувство до семејствата, роднините и пријателите на Ериона и Албина, молејќи се Бог да им даде сила да ја поднесат оваа голема загуба.
„Нека е вечен споменот на Ериона и Албина! Нека почиваат во мир!“, стои во пораката на ШМК „Дрита“ – Кичево.
Читај и ова:
- 1.На 20 октомври контролорите на летање во штрајк – аеродромите во Скопје и Охрид без полетувања и слетувања
- 2.Графитите во катедралата во Кентербери предизвикаа бес – Маск: Ова е срамно
- 3.Јошевска-Анастасовска: Обвинителството врши притисок и напад врз мојата слобода на говор
- 4.Експлозии во Кабул и источен Авганистан – Талибанците: Пакистан нè нападна
- 5.Сиљановска-Давкова: 11 Октомври е потсетник дека слободата се брани со единство и храброст