Свет

Трагедија во Кина: Се запали автобус полн со туристи, загинаа 26 лица

Во пожар кој изби во туристички автобус на автопат во централната кинеска провинција Хунан настрадаа 26 лица и уште 30 луѓе се повредени.

Се наведува дека петмина повредени се наоѓаат во критична состојба.

Инцидентот се случил синоќа по локално време во градот Чангде во округот Ханшоу.

Во автобусот биле 56 лица, меѓу кои 53 патници, туристички водич, како и двајца возачи, кои се приведени додека властите не ги утврдат причините за пожарот.

Фотографиите од самото место на несреќата покажуваат дека автобусот е целосно јагленисан, а Ројтерс наведува дека е можно пожарот да избил поради материјалот кој бил бо возилото.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни