Ова е новиот булевар кој почна да се гради во 2015 година. Предвидено е од Чаир директно да се излегува на скопската обиколнциа, без да се помине преку Бутел. Екс градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, во 2015 година во текот на презентирањето на проектот изјави дека булеварот ќе биде завршен за 13 месеци.
Сега сме во 2019 година а само дел од патот е пуштен во употреба. На другиот дел се уште се работи.
Одолговлекувањето на градежните работи, сегашниот градоначалник, Петре Шилегов го образложи тврдејќи дека ако проектот се реализира како што е предвиден, пола Скопје ќе остане без вода и електрична енергија.
За екс градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, тврдењата на Шилегов се неразбирливи. Тој вели дека 90% на работите биле завршени додека тој бил градоначалник и дека на Шилегов му оставил многу готови работи.
Причината за изградбата на овој булевар е избегнувањето на сообраќајниот хаос кој се создава во овој дел на Бутел.