Македонија

Трајановски со критики до Шилегов – СДСМ: Се јави „Коце поплава“

Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, го обвинува сегашниот градоначалник Петре Шилегов, дека ја продал Градската Куќа за да купи друг објект, кој е постар и ќе го чини многу поскапо Градот. Според Трајановски, Шилегов планира да ја купи зградата на ЕВН кај Порта Македонија или зградата на Технометал Вардар, која ќе служи за да ги сместат нивните партиски работници, рече тој, чија бројка ќе се зголеми за 30%.

По изјавата на Трајановски, реагираше СДСМ, велејќи дека „се јави Коце поплава“. Во соопштението, Социјалдемократите не ги демантираат информациите на поранешниот градоначалник Трајановски, дека Град Скопје ја продал Градската Куќа за да купи друг објект.

Од Град Скопје, не даваат конкретен одговор во врска со ова. Од таму велат дека треба да поминат 15 дена од постапката за продавање на објектот на Градска куќа, а потоа ќе се разгледаат можностите за купување на друг објект.

Таканаречената Градска куќа која е изградена во текот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, односно градоначалникот Коце Трајановски, за да  служи за градската администрација, вчера беше продадена од градоначалникот, Петре Шилегов, за 12.7 милиони евра на компанијата ЕВН Македонија.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни