4NEWS.mk

Трамп бара од Сенатот да не усвојува резолуција за Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го предупреди Сенатот да не усвојува резолуција со која би се ограничила неговата способност да води војна против Иран.

„За безбедноста на нашата земја многу е важно Сенатот на САД да не гласа за резолуција за воени овластувања за Иран“, напиша Трамп на Твитер.

„Со Иран ни оди добро и не е време да се покажува слабост“, оцени Трамп, дополнувајќи дека усвојувањето таква резолуција ќе испрати многу лош сигнал и ќе му овозможи на Техеран да дејствува неказнето.

Демократската партија соопшти минатиот месец дека имаат доволно гласови за изгласување мерки во Сенатот, каде мнозинство се републиканци, што ќе значат дека претседателот би морал да бара одобрение од Конгресот за воена акција против Иран. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни