Свет

Трамп: Би победил на изборите за претседател на Венецуела, само да научам шпански брзо

Трамп: Би победил на изборите за претседател на Венецуела, само да научам шпански брзо

Американскиот претседател Доналд Трамп се пошегува за време на прес-конференцијата дека би можел да победи на претседателските избори во Венецуела, но само треба брзо да научи шпански.

Тој исто така тврдеше дека има подобри резултати на анкетите од кој било друг политичар во таа јужноамериканска земја, објави Фокс њуз.

„Луѓето од Венецуела велат дека ако се кандидирам за претседател на Венецуела, ќе бидам попопуларен на анкетите од кој било друг во Венецуела, па откако ќе завршам со ова, можам да одам во Венецуела. Брзо ќе научам шпански. Нема да ми треба долго. Добар сум во јазиците и ќе одам во Венецуела. Ќе се кандидирам за претседател. Тоа е прекрасна опција за мене. Но, ние сме многу задоволни со новоизбраниот претседател што го имаме во моментов“, рече Трамп.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни