Раздорот меѓу поранешниот американски претседател Доналд Трамп и Илон Маск стана официјален по серија навреди.
За време на средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц, Трамп изрази разочарување од Маск, велејќи дека не е сигурен дали нивната блиска врска ќе преживее.
– Отсекогаш ми се допаѓал Илон… Но, видовте што кажа за мене. Не кажа ништо лошо директно за мене, но неговиот напад врз даночниот законик беше разочарувачки. Не знам дали ќе продолжиме да имаме ист однос – рече Трамп.
Маск не остана во долгови. На мрежата X (поранешен Твитер) објави серија пораки во кои го обвинува Трамп за неблагодарност.
– Без мене, Трамп ќе ги изгубеше изборите. Демократите ќе го задржаа Претставничкиот дом, а републиканците ќе имаа само минимално мнозинство во Сенатот. Каква неблагодарност – напиша Маск.
Without me, Trump would have lost the election, Dems would control the House and the Republicans would be 51-49 in the Senate.
— Elon Musk (@elonmusk) June 5, 2025
Потоа тој ги „провери фактите“ во изјавите на Трамп, наведувајќи дека поранешниот претседател погрешно тврдел дека Маск бил вклучен во преговорите за буџетот на САД.