Доналд Трамп го посети својот терен за голф во Стерлинг близу Вашингтон ден откако медиумите објавија дека тој изгубил на претседателските избори на 3 ноември.
На патот од Белата куќа до Стерлинг, Трамп можеше да ги види граѓаните како мавтаат со транспаренти со натписи против него од автомобил.
Републиканскиот претседател на САД, познат голфер, исто така беше на својот терен за голф во саботата, кога американските медиуми објавија дека тој не може да ја достигне предноста што ја доби неговиот противник, демократот Џо Бајден, на изборите.
Трамп не го призна поразот, но тврди без конкретни докази дека изборите беа обележани со бројни нерегуларности.
Во саботата, бројни граѓани во американските градови излегоа на улиците да го одбележат поразот на Трамп во весела атмосфера.
Бајден денес беше во една црква во Вилмингтон, Делавер, каде живее со своето семејство. Бајден е познат како католички практичар кој редовно присуствува на миса.
.
