Американскиот претседател Доналд Трамп пред малку испрати директна и експлозивна порака преку својата социјална мрежа „Truth Social“, давајќи отворена поддршка на демонстрантите во Иран и најавувајќи американска интервенција.
Во драматичниот пост, Трамп ги повика граѓаните на Иран на радикални чекори и директно се закани на иранските власти.
„Ги откажав сите средби“
Трамп напиша:
„Ирански патриоти, ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ПРОТЕСТИРАТЕ – ПРЕЗЕМЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ИНСТИТУЦИИ!!! Зачувајте ги имињата на убијците и насилниците. Тие ќе платат висока цена.“
Тој исто така потврди дека ја прекинува секаква дипломатска комуникација со режимот во Техеран:
„Ги откажав сите средби со иранските официјални лица додека не ПРЕСТАНЕ бесмисленото убивање на демонстрантите. ПОМОШТА ПРИСТИГНУВА“.
Оваа изјава доаѓа веднаш по информациите дека Белата куќа разгледува воени опции како одговор на насилството врз протестите во Иран.
