„НАТО и Европа воопшто не го ценат сето она што го правиме за нив. И нема да добиеме ништо од нив освен ако не решам да ја искористам големата сила. Но нема. Сега сигурно чувствувате олеснување. Ништо не бараме, сакаме само Гренланд. Не толку одамна ние го предадовме Гренланд. Тогаш бевме моќна сила, но денес сме многу помоќна сила“, изјави Трамп.
„Ништо не добивме од НАТО, никогаш, само плаќаме за НАТО. Тие не ги плаќаат сметките. Сè што бараме е сопственост врз Гренланд. Не можеме да го браниме без сопственост.
Ако избие војна, најголемиот дел од акцијата ќе биде токму таму. Сè што сакаме е меѓународна безбедност. Градиме Златна купола која ќе ја брани Канада. И тие се неблагодарни. Го гледав вчера премиерот Карни. Следниот пат кога даваш изјави, размисли малку, Марк, Канада живее од САД.
Неодамна на Исланд ме нарекуваа тато, ми се заблагодаруваа, ми велеа ‘фала ти, тато’. А видете што им се случува денес.
Многу ни е грижа за Европа. Ужасно е тоа што самите си го прават.
Имам голема почит кон граѓаните на Данска и Гренланд. Но секоја членка на НАТО мора да може да ја брани својата територија. Ние сме единствената сила, голема сила, која може да го стори тоа. Видовме како Данска за 6 часа падна во Втората светска војна. Немаа шанси, а се трудеа. Ние се боревме за да ја спасиме Данска, тој голем, прекрасен парче мраз“, вели Трамп. „Без нас денес сите ќе зборуваа германски и јапонски. Потоа го предадовме Гренланд на Данска, каква грешка, како се неблагодарни.
Колку глупаво од наша страна што го предадовме Гренланд, но го направивме тоа. И сега се соочуваме со уште поголеми ризици, поради оружје за кое не можам ни да зборувам.
Во 2019 година Данска вети дека ќе ја зајакне одбраната на Гренланд. Лидерите на Данска се добри, ги почитувам, но само САД може да го брани тој огромен дел земја. И затоа барам непосредни преговори за да го преземеме Гренланд. Нема ништо лошо во тоа“, продолжува Трамп.
Трамп се осврна и кон Велика Британија.
„Обединетото Кралство произведува само една третина од вкупната енергија од сите извори во споредба со 1999 година. Замислете? Една третина, а седат врз Северното Море — една од најголемите резерви во светот, но не ја користат. Тоа е една од причините зошто нивната енергија достигна катастрофално ниско ниво со исто толку високи цени.
Ние даваме премногу на НАТО, а не добиваме ништо за возврат.
Гренланд е огромна, речиси целосно ненаселена и неразвиена територија која стои небранета на клучна стратешка локација помеѓу Соединетите Американски Држави, Русија и Кина. Таму има огромно богатство од ретки минерали, а за да се дојде до нив мора да се пробие стотици метри мраз. Но тоа не е причината зошто ни треба. Ни треба поради стратешката национална и меѓународна безбедност. Овој огромен, незаштитен остров всушност е дел од Северна Америка, на северната граница на западната хемисфера — тоа е наша територија.
Имате избор. Кажете да, и ќе го цениме тоа. Кажете не, и ќе запомниме.
Само сакам парче мраз кое ќе има важна улога во одбраната на светот. Тоа е малo барање во споредба со тоа што ние им дадовме ним со децении.
Сакаме парче мраз за да го заштитиме светот“, заклучи Трамп.
