Во живо Ноќно студио во живо Дали системот реагира навреме при насилство? Гледај
Свет

Трамп ја тужи Владата поради претресот на неговиот дом во Флорида

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја тужи Владата поради претресот на неговиот имот и побара од судот привремено да го блокира Федералното истражно биро во прегледување на материјалите, што пред две недели беа запленети од неговиот дом во Флорида.

Трамп, во вчера поднесената тужба пред федералниот суд во Вест Палм Бич, Флорида, бара американското Министерство за правда да му достави детален список на предмети запленети од ФБИ од неговиот дом во Мар-а-Лаго за време на претресот на 8 август.

– Не може да се дозволи политиката да влијае врз спроведувањето на правдата… Спроведувањето на законот не може да се користи како оружје за политички цели“, се вели во барањето на Трамп.

Понекогаш во многу чувствителни случаи, судот може да назначи специјален администратор, обично пензиониран судија или адвокат, да ги разгледа запленетите материјали и да се погрижи истражителите да не ги видат заштитените информации.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни