Американскиот претседател Доналд Трамп овој викенд ќе испрати свој претставник во Европа за преговори за Украина, доколку постои реална можност за потпишување мировен договор, соопшти Белата куќа, цитирана од „Ројтерс“.
„Претседателот е исклучително разочаран од двете страни во војната и му е доста од одржување состаноци само заради самите состаноци“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, пред новинарите.
