Свет

Трамп: Ми се јавија од Техеран, очајнички сакаат да постигнат договор

Трамп: Ми се јавија од Техеран, очајнички сакаат да постигнат договор

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска изјави дека иранското раководство го контактирало и изразило желба за постигнување договор, откако САД извршија нови напади врз ирански цели.

„Ми се јавија пред извесно време. Толку очајно сакаат да постигнат договор“, изјави Трамп пред новинарите во авионот „Ер Форс 1“ за време на враќањето во САД од самитот на НАТО во Анкара, пренесе „Скај њуз“.

Неговите коментари уследија откако американската војска соопшти дека погодила повеќе од 90 ирански воени цели.

Трамп изјави дека нападите биле „одмазда“.

Американскиот претседател на патот од Турција накратко се запрел во Велика Британија, каде што го сменил авионот во базата на Кралските воздухопловни сили (RAF) Милденхол во Сафолк, а потоа го продолжил патувањето со новиот авион „Ер Форс 1“, кој му бил подарен од Катар.

Претходно Трамп ги отфрли тврдењата дека одлуката да користи постар авион при заминувањето од Турција била поврзана со безбедносни причини.

На прашањето на новинарите дали е запознаен со веродостојни закани кон неговиот авион, Трамп одговорил дека постојано се соочува со закани.

„Постојано ми се закануваат. Јас сум број еден на нивната листа“, изјави американскиот претседател.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни