4NEWS.mk

Трамп негира соопштение на француското претседателство

Американскиот претседател Доналд Трамп негираше соопштение на француското претседателство дека Г7 му дозволиле на францускиот претседател Емануел Макрон да испрати порака до Иран во име на групата. „Јас за тоа не сум разговарал“, рече Трамп.

Претседателството претходно објави дека групата се согласила Макрон да му испрати порака на Иран и да одржува состаноци со иранските власти.

Деталите за пораката не се објавени, но се вели дека целта е да се спречи Иран да се здобие со нуклеарно оружје и понатамошно дестабилизирање на Блискиот исток.
 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни