Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека ќе патролира по улиците на Вашингтон заедно со полицијата и војската, откако минатата недела нареди распоредување на трупи на Националната гарда во главниот град на САД.
„Вечерва, мислам, ќе излезам на терен со полицијата и, секако, со војската“, изјави Трамп за американската телевизиска станица Newsmax.
Официјален претставник на Белата куќа изјави дека дополнителни детали за плановите на Трамп ќе бидат објавени подоцна, пренесува Ројтерс.
Трамп објави дека ќе патролира по улиците на Вашингтон со полицијата и војската