Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска изјави дека верува оти постигнувањето договор за завршување на војната меѓу Русија и Украина е блиску.
Говорејќи пред новинарите во Овалната соба, Трамп, како што пренесува Ројтерс, рече дека смета оти страните „многу се приближуваат“ до договор, без да изнесе дополнителни детали.
Се вчитува...
Американскиот претседател наведе и дека преговорите меѓу Русија и Украина може да се одвиваат и без учество на специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, како и на неговиот зет, Џаред Кушнер.
