Свет

Трамп: САД и Иран разговараат за завршување на војната, одложување на нападите врз електраните

Трамп: САД и Иран разговараат за завршување на војната, одложување на нападите врз електраните


Претседателот Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави и Иран за време на викендот воделе „продуктивни разговори“ и дека ќе ги одложат воените напади врз иранските електроенергетски и енергетски објекти за пет дена, јавува Си-Ен-Ен.

Пишувајќи со големи букви на мрежата Truth Social, Трамп истакна дека одлуката за одложување на најавените напади ја донел врз основа на „тонот и карактерот“ на разговорите, пренесува CNN.

„Со задоволство известувам дека Соединетите Американски Држави и Иран за време на последните два дена воделе многу добри и продуктивни разговори за целосно и сеопфатно решавање на нашите непријателства на Блискиот исток“, напиша Трамп.

„Врз основа на тонот и карактерот на овие детални, темелни и конструктивни разговори, кои ќе продолжат во текот на целата недела, им наредив на Министерството за војна да ги одложи сите воени удари врз иранските електрани и енергетската инфраструктура за период од пет дена, во зависност од успехот на тековните состаноци и разговори“, додаде тој.

Трамп претходно закани дека ќе нападне ирански електрани до понеделник навечер доколку земјата не овозможи повторно отворање на Ормускиот теснец.

Уште минатата недела, Трамп изјави дека не е заинтересиран за постигнување примирје со Иран.

„Можеме да водиме дијалог, но не сакам примирје“, рече тој во петок попладне.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни