Владејачката коалиција во Бугарија три часа води расправа на тема Македонија на ниво на коалициски совет. Состанокот во Министерскиот совет следи по видео обраќањето на премиерот на Бугарија Кирил Петков на 20-ти мај, во кое тој повика на свикување на Советодавниот совет за национална безбедност за состојбата на преговорите со Македонија.
Премиерот на една маса ги собира сите партнери во Владата за да ги информира за како што вели тој напредокот со Северна Македонија.
За време на посетата на Рим на 24-ти мај, Петков го аргументираше своето барање за свикување на Советот за национална безбедност со потребата да се земе предвид напредокот во дијалогот меѓу двете земји во изминатите шест месеци.
„По темата Северна Македонија нема нешто што може да ја промени позицијата на БСП, единствно нешто што може да ја промени позицијата е исполнување на договорот од 2017 година, што во оваа фаза не го гледаме“, изјави Георги Свилевски, претседател на БСП.
„Очигледно, се слушаат некои работи или некаде било кажано нешто по однос на Македонија, а кога ќе стигне до премиерот тој паничко го негира тоа. Можеби навистина такво нешто немало, но ние постојано слушаме такви работи“, изјави Николај Радулов.
Но не беа сите на ист став. Некои не ја затворија вратата целосно нема позицијата на Бугарија останува непроменета.
„Ако се најде на трите страни меѓу ЕУ, Бугарија и С. Македонија во ситуација кога ние би ги зачувале гаранциите дека целосно исполнување ќе се случи тогаш тоа треба внимателно да биде разгледано“, изјави Христо Иванов од ДБ.
Немам такво чувство дека ЕУ би сакала да биде гарант дека барањата би се исполниле.
-А имате чувство за притисок од ЕУ?
Кон БСП, кон парламентарната група и членовите не, кон коалицијата исто веќе секој треба да одговара индивидуално на тоа прашање.
Коалицијата се собра на маса и по барање на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј за преговорите на Македонија со ЕУ да започнат уште во јуни.
„Нема промена во бугарската позиција. Ние се придржуваме кон рамковната позиција, декларацијата на народното Собрание, договорот за добрососедство“, изјавиНикола Минчев , претседател на бугарското Собрание.
Претходно бугарскиот претседател Румен Радев рече дека гаранциите од Скопје не се доволни за кревање на ветото. Тој побара како што вели конкретни резултати во однос на правата на Бугарите и говорот на омразата.