Три лица на возраст од 15, 18 и 19 години добија кривични пријави – нападнале такси возач во Прилеп и му ги одзеле парите!

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.А.(19), С.А.(18) и 15-годишник, сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

На 24.03.2026 на ул.„Дабничка“ во Прилеп, пријавените физички нападнале такси возач и му одзеле пари.