Македонија

Три лица влегле во маркет во Скопје и го запалиле, полицајци при обид да изгасат вдишале чад!

Три лица влегле во маркет во Скопје и го запалиле, полицајци при обид да изгасат вдишале чад!

На 24.05.2026 околу 04:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека три лица со употреба на сила влегле во продажен објект на ул.„Тале Христов“ во Скопје, при што предизвикале пожар и заминале од местото.

Пожарот е изгаснат од полициски службеници со противпожарен апарат, при гаснење на пожарот дваја полициски службеници вдишале чад и биле пренесени во Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид  и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни