Свет

Три жртви во автобуска несреќа во Турција

Три жртви во автобуска несреќа во Турција

Три лица загинаа, а осум се повредени во сообраќајна несреќа со комбе што превезувало актери во Турција, јави БТА, повикувајќи се на локалните медиуми.

Инцидентот се случил во округот Амасија, северна Турција. Актерите се враќале во градот Самсун од настап во Чорум кога нивното комбе се судрило со камион.

Во несреќата тројца од сопатниците во комбето загинале, а меѓу повредените е и возачот на возилото. Повредените со возило на Брза помош се пренесени во државните болници.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни