Трите автобуси Битола му ги врати на Скопје

Веќе неколку дена трите автобуси кои на реверс ги доби Општина Битола од Град Скопје не можевме да ги забележиме на некоја релација ниту пак на паркингот позади Општината.

Одговор побаравме од Општина Битола, но не добивме. Денеска градоначалничката Петровска одговори на ова прашање.

„Автобусите од град Скопје беа позајмени, беа пуштени до Општина Битола за да одговориме во тој критичен период и ситуација во која се најдовме. Откако ја наминавме таа ситуација, ценевме дека истите нема потреба да престојуваат во нашата општина и да носиме одговорност за нив, па ги вративме по договор како што го имавме при самото однесување на автобусите“, рече Петровска.

Автобусите во Битола беа донесени на почетокот од Октомври и имаше многу обвинувања дека се дотраени.

ЈОВИЦА ПАУНОСКИ

Извор: ТВ21