Свет

Тројца повредени по напад со нож во Брисел

Тројца повредени по напад со нож во Брисел

Три лица се повредени во напад со нож во Брисел. Нападот се случил на метро станицата „Шуман“, во близина на европските институции, соопшти белгиската полиција, цитирана од Франс прес. Една од жртвите е тешко повредена.

Соработката на неколку полициски служби овозможи брзо апсење на напаѓачот, објави на Твитер градоначалникот на градот Филип Клоуз. Според извор запознаен со случајот, уапсениот за нападот им бил познат на властите поради психички проблеми.

Засега остануваат непознати мотивите на напаѓачот. Федералното обвинителство во оваа фаза не е упатено. Поради нападот, сообраќајот беше во прекин на дел од двете линии на метрото што минуваат под станицата „Шуман“. Полицијата се уште работи на местото на настанот.

Автобуската постојка Шуман се наоѓа непосредно пред зградите на Европската комисија, Советот на ЕУ и Европскиот совет. Во 2016 година, еден од двата напади во белгиската престолнина се случи на соседната постојка Малбек.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни