Македонија

Тројца скопјани приведени за уцена на жител на Делчево, барале 10.000 евра

Тројца скопјани приведени за уцена на жител на Делчево, барале 10.000 евра

Тројца жители на Скопје се лишени од слобода во рамки на оперативната акција „Чистач“, поради сомнение дека уценувале жител на Делчево и му се заканувале по животот и телото, барајќи од него да им исплати 10.000 евра.

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Секторот за општ, насилен криминал и семејно насилство, во координација со СВР Штип – ОВР Делчево и СВР Скопје, извршиле претреси на две локации и ги привеле З.Б. (61), М.Б. (35) и Б. (43).

Акцијата била спроведена по оформен предмет во Основното јавно обвинителство Делчево за кривичните дела „уцена“ и „загрозување на сигурноста“, предвидени во член 259 и член 144 став 2 од Кривичниот законик.

Според пријавеното, осомничените му упатувале закани на жителот на Делчево, барајќи да им исплати 10.000 евра. Притоа, му се заканувале дека, доколку не ги исполни нивните барања, ќе објават компромитирачки материјали.

При претресите бил пронајден и нелегален пиштол „М57“, калибар 7,62 милиметри. По извршените проверки било утврдено дека оружјето потекнува од кривично дело „тешка кражба“, извршено на подрачјето на СВР Скопје.

Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни