Цаноски во ТНТ: Груевски нареди рушење на објектот „Космос“

На денешното рочиште за случајот ТНТ, за рушење на објктот „Космос“ во 2011 година по наредба на тогашниот премиер Никола Груевски, сведочеше синот на Фијат Цаноски, Сефер кој кажа дека за да се сопре рушењто на објктот барал помош од неколку политичари.

„Во април, само 2 месеца пред парламентарните избори во 2011 година, дозволата за градба на огромниот станбено-деловен простор Космос, власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ја повлекла дозволата за градба на објектот, кој веќе бил изграден во карабина затоа што татко ми ја раскина коалицијата со Никола Груевски“, рече сведокот Сефер Цаноски.

Се вчитува...

Сефер истакна дека побарал помош од Али Ахмети, со што преку Муса Џафери пробал да договори средба со него за да разговараат околу рушењто на објектот.

Ахмети одговорил: „Пред да дојдеш, јас се слушнав со Груевски. Уривањето е поради тоа што татко ти ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и отиде со СДСМ, а не дојде во коалиција со ДУИ’“, му кажал Ахмети на Цаноски.

Извор: ТВ21