Царинските инспектори во Израел уапсија патник од Тајланд кој влегувал во земјата на аеродромот Бен Гурион со 17 живи украсни риби, вклучувајќи седум алигаторски гар, еден од најголемите слатководни видови во Северна Америка, објави денес израелското Министерство за земјоделство.
Рибите биле скриени во пластична кеса во куферот, објавува „Тајмс оф Израел“.
Пронајдени се и 10 слатководни ражи (Potamotrygon stingage), кои се сметаат за загрозен вид, според Конвенцијата CITES за заштита на загрозените видови.
Маж кој е осомничен за шверц ќе биде повикан на сослушување.
Инспекторот во Одделот за рибарство при Министерството за земјоделство, Шади Халил, изјави дека „постои загриженост дека љубителите на украсни риби, од наивност, ќе купат риби додека се мали и ќе ги додадат во својот домашен аквариум“.
„Откако ќе пораснат до должина од над еден метар и не се погодни за живот во аквариум, одгледувачите можат добронамерно да ги пуштат во извори на вода во земјата, предизвикувајќи еколошка штета и штетејќи на локалната популација на риби“, рече тој.
