Портокалот е сочно и слатко овошје, чија главна предност е богатството со витамин Ц. Ова јужно овошје може да се користи и во разни десерти, на различни начини. Вкусните парчиња се главната состојка во некои колачи и пити, додека кај некои слатки сокот од портокал дава одредена сладост и вкус.
Сепак, за што и да го користите, портокалот треба претходно да се исчисти или излупи, а тоа често е незгодна и често „леплива“ работа. Се додека не сфатите како можете да го олупите на работа без да ги извалкате рацете.
Овој трик ни го откри една корисничка на Инстаграм која често објавува разни совети и трикови на својот профил. Се што ви треба е еден нож и околу 20 секунди време.
Портокалот треба да го преполовите, а потоа да почнете да ја виткате кората од средната половина, како да сакате да ја излупите. Цело време туркајте го дното за да се појави овошјето.
„Веднаш се појавува, мислам дека е генијално“, вели таа во видеото кое набрзо стана вирално на социјалните мрежи.
Нејзините следбеници биле воодушевени од трикот, па веднаш почнале да коментираат.
„Зошто не го знаев ова до сега? Воодушевен сум!“, „Социјалните мрежи ме учат на нешто корисно секој ден“, „Ова е генијално! Морам да го пробам сега“, се само дел од коментарите.
View this post on Instagram