Македонија

Целосна блокада на Евзони за влез во Грција – рампата е спуштена од 18:40 часот

Целосна блокада на Евзони за влез во Грција – рампата е спуштена од 18:40 часот

Важно предупредување за сите кои вечерва патуваат кон јужниот сосед. Од 18:40 часот, граничниот премин Евзони (од грчка страна, спроти ГП Богородица) е ставен под блокада.

Според најновите информации:

  • ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА: Преминот е целосно блокиран за сите видови сообраќај. Ниту патнички возила, ниту автобуси, ниту камиони не можат да влезат во Грција.
  • ИЗЛЕЗ ОД ГРЦИЈА: Излезот (влез во Македонија) во моментов работи, но само за Тешки Моторни Возила (ТМВ).

Се препорачува на граѓаните да го избегнуваат овој граничен премин и доколку мораат да патуваат, да се пренасочат кон ГП Дојран или ГП Меџитлија, додека не се нормализира состојбата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни