Македонија

Целосно обновено осветлувањето на паркингот под Транспортен центар

Целосно обновено осветлувањето на паркингот под Транспортен центар

Екипи на Град Скопје викендов целосно го обновија осветлувањето на паркингот под Транспортен центар во делот кај поштата, како и осветлувањето на сервисната улица на тој потег. На овој простор, старите и расипани светилки се заменети со 30 нови светилки, од кои 22 на паркингот, а 8 на сервисната улица.

На овој потег осветлувањето не функционираше подолго време, за што имаше и реакции од голем број граѓани. Град Скопје постапува по барањата на граѓаните, а

со новото осветлување се зголемува безбедноста на пешаците во овој дел од градот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни