Целосно уништена рафинеријата за нафта во централна Украина
Нафтена рафинерија на друга локација во Украина – во градот Кременчук во центарот на земјата – е целосно уништена во руски напад, изјави на телевизија гувернерот на областа Полтава, пренесува новинската агенција Ројтерс.
„Пожарот во рафинеријата е изгаснат, но објектот е целосно уништен и повеќе не може да функционира“, изјави Лунин Дмитро Лунин.
Весникот Киев Индипендент објави на Твитер дека ракетниот напад на 1 април ја уништил рафинеријата за нафта – најголемата во Украина.
Кременчук е клучна индустриска локација во централна Украина.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни