Балкан

Цената на „островот на љубовта“ се зголеми за 3 милиони евра

Цената на „островот на љубовта“ се зголеми за 3 милиони евра

Порталот Europe Best Destinations пред неколку недели ги избра најромантичните дестинации во Европа по повод Денот на вљубените. На списокот кој моментално е во продажба се најде и хрватскиот остров Галешњак, познат и како „островот на љубовта“.

Галешњак е островче лоцирано во каналот Пашман помеѓу островот Пашман и градот Турањ. Многумина го нарекуваат „Островот на љубовниците“, а поради неговата специфична форма на срце, Галешњак стана препознатливо островче на хрватското крајбрежје ширум светот. Во 2008 година, Google Earth го прогласи овој остров за еден од неколкуте природни феномени во облик на срце.

Брајтсајд еднаш го вклучи во својата листа од 20 светски чуда. Во 2019 година, научниците од Катедрата за археологија на Универзитетот во Задар открија дека луѓето живееле таму пред повеќе од 7.000 години.

Неодамна се појави оглас за Галешњак

Инаку, кон крајот на јануари на Индекс Огласи се појави оглас за продажба на дел од островот Галешњак. Првичната цена беше 10 милиони евра, а сега островот се продава за 13 милиони евра.

„Остров во облик на срце кој има околу 142.000 м2, од кои се продава дел од нешто повеќе од 30.000 м2, кој е едноделен и се простира на повеќе од 500 метри крајбрежје! Можете да направите нешто навистина уникатно со овој имот , особено кога постојано сте паркирале гости со јахти како Бијонсе и Џеј Зи (Бијонсе таму дури еднаш го прославила роденденот), Џеф Безос, Мајкл Џордан итн“, се вели во огласот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни