Свет

Цената на среброто достигна рекордно високо ниво, од околу 51 долар за унца

Цената на среброто достигна рекордно високо ниво, од околу 51 долар за унца

Цената на среброто денес се зголеми за повеќе од четири проценти, на рекордни околу 51 долар (околу 44 евра) за унца, првенствено поради зголемената побарувачка на инвеститорите за побезбедни средства.

Ова го продолжи растот на цената на овој скапоцен метал, надминувајќи го претходниот врв забележан во 1980 година, објави денес „Трејдинг економикс“.

Среброто е во пораст за повеќе од 70 проценти оваа година, надминувајќи го златото, што е предизвикано од фискалните ризици во Соединетите Американски Држави, потенцијалот за пониски каматни стапки, прашањата за независноста на Федералната резервна банка (ФЕД) и неодржливите нивоа на глобални дефицити и долгови.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни