Цените на кафето Арабика паднаа на најниско ниво во последниот месец – 3,6 долари за фунта, што е околу 8 долари (6,8 евра) за килограм.
Ова се случи по веста дека американските парламентарци подготвуваат закон за ослободување на увозот на кафе од царини, кои беа воведени во јануари 2017 година, објави „Трејдинг економикс“.
Претставниците на двете партии во Конгресот на САД, и републиканците и демократите, поддржуваат предлог што би вклучил печено кафе, како и кафе без кофеин и нуспроизводи.
Цените на кафето Арабика паднаа на најниско ниво во последниот месец