Поврзи се

Македонија

Центарот за управување со кризи со извештај за невремето во преспанскиот регион

Центарот за управување со кризи известуваше за состојбата во преспанскиот регион по синоќешното невреме.

„Од невремето оштетени се покриви, автомобил, од паднати дрвја во авто кампот „Крани“ оштетени се камп приколки, паднати дрвја ги препречиле некои од локалните патни правци, а има и штети на овоштарници и други култури. Оштетена е и елелктричната мрежа (паднати бандери, скинати ел.водови).

Веднаш на терен излегоа екипи на МВР, ТППЕ Ресен и Македонија Пат кои работеа на расчистување и оспособување на патните правци за сообраќај (расчистени се и оспособени сите патни правци и пристапни патишта кон селата). Екипи на ЕВН Македонија работат на отстранување на дефектиите и нормализирање на снабдувањето со електрична енергија на овој реон. Нема пријавено повредени лица.

Исто така, во текот на ноќта, југоисточниот дел од општина Охрид беше зафатен од невреме последено со силен ветар. Во селата Трпејца и Лабуништа, како и во комплексот „Св.Наум“ има паднати дрвја, а направена е и материјална штета на еден угостителски објект во с.Трпејца, како и во комлексот Св.Наум каде е оштетен кров на еден од објектите во комлексот. Во невремето нема повредени лица. Дел од населените места сеуште се без напојување со електрична енергија, а екипи на ЕВН работат на отстранување на дефектите.“,велат од ЦУК.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com