Балкан

ЦИК ја регистрира единствената македонска партија за учество на локалните избори во Албанија

ЦИК ја регистрира единствената македонска партија за учество на локалните избори во Албанија

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ, и официјално влегува во трка за новата локална власт што ќе се избира на 14 мај.

ЦИК доцна попладнево објави дека денеска се прифатени барањата за учество на изборите на уште 41 политички субјект и на четири групи граѓани кои поддржуваат независни кандидати, две за Корча и по една за Тирана и Драч.

Комисијата утре треба да ја разгледа документацијата на уште десетина политички субјекти.

Ноќно студио

Најнова епизода

Петровска: Побаравме оставка од Филипче, нема разлика во цената за „Леонардо“ | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни