На висорамнината меѓу струмичкото поле и валандовското брдо во близина на село Костурино, струмичките археолози пронајдоиа цивилизација стара 7.500 илајди години. Ова е велат, една од најстарите населби од средниот неолит на југоистокот од Макеоднија. Откако пред две години завршија геомагнетните истражувања, археолозите два емсеци работат на теренот.
„Дека овој локалитет практично претставува еден од најинтересните во југоисточна Македонија. Местото и инаку нарекувано Орниче. Се работи за краен огранок на планината Беласица, висорамнина пред влезот на селото Костурино. Идеална за формриање на неолитски населби. И дека ќе прерасне во една од поинтересните локалитети во понатамошните истражувања во македонија од периодот на праисторијата“, изјави Зоран Рујак, археолог.
Директорот на Завод и музеј Струмица, вели дека потребна им е просторна, кадровска и материјална помош за да одговорат на потребите и барањата на научната работа.
„Ние чувствуваме голема потреба, конкретно од луѓе кои би работеле истражувачка дејност, но и конзервација и афирмација. Нашета музејска поставка веќе е претесна да ги прими артефактите кои ги имаме конзервирано и се подготвени за прикажување.И покрај тоа, нашето депо е преполно со необрабпотен материјал. Затоа ни требаат нови вработени, нови простори и поголема заложба на општеството за оваа дејност“, изјави Александар Манински, директор на Завод и музеј Струмица.
Неолитската населба кај Костурино носи и туристичко-економски потенцијал, кој може да се валоризира преку реконструкција на објектите. Местоположбата, близината до регионалниот фрекфентен пат, може да бидат искористени за локален економски развој, а со тоа и развој и промоција на артефактите кои лежат во утробата на македонската почва.
Репортер: Катерина Дафчева
