Пратеничката на Нова српска демократија (НСД), Јелена Божовиќ, со кренати три прста го придружуваше денешното интонирање на црногорската химна, на свеченоста по повод Денот на општина Беране.
На седницата присуствуваше и претседателот Јаков Милатовиќ, пренесува „Вијести“.
На почетокот на месецов, Основното обвинителство во Никшиќ поднесе кривична пријава против претседателот на општина Никшиќ од НСД, Марко Ковачевиќ, поради нарушување на угледот на државата.
Ковачевиќ, стоејќи до Милатовиќ, при интонирањето на државната химна го подаде средниот прст и тврди дека само го местил часовникот.